Шок во Баерн: Вчера го продадоа Сомер, а денес дознаа дека Нојер мора на нова операција

Екипата на Баерн Минхен вчера го продаде Јан Сомер на Интер за седум милиони евра, а денес доби неочекувани вести.

Планот на раководството беше Свен Улрих да брани на почетокот на сезоната сè додека комплетно не заздрави Мануел Нојер. Сепак, Баварците сега остануваат само со еден голман, откако беше потврдено дека Нојер има нова повреда на коленото и ќе мора да прави операција. Се предвидува дека тој ќе паузира неколку месеци и на терените ќе може да се врати дури на почетокот на следната година.

Раководството сега е во паника бидејќи остана само со Улрих како опција за голманската позиција и ќе мора веднаш да биде донесен уште еден чувар на мрежата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести