Шок во Франција, Мбапе се повреди на две недели до стартот на Мундијалот во Катар!

Пари Сен Жермен со 2:1 славеше на гостувањето кај Лориен, но по мечот, гостите немаа многу причини за радост. Тоа е така затоа што во 85 минута поради повреда, мечот предвреме го напушти Килијан Мбапе. Првата ѕвезда не само во ПСЖ, туку и во француската репрезентација, почувствувал болки во левиот адуктор и затоа излезе од игра.

На Мбапе прво му беше дадена лекарска помош на клупата за резерви, но потоа тој заедно со лекарите заминаа во соблекувалната, што беше знак д се вклучи црвениот аларм кога се работи за француската репрезентација.

За точно две недели ќе стартува Светското првенство во Катар, а Мбапе треба да е главен адут на Гласките петли кои се бранители на планетарниот трон. Останува од Париз да се слушнат најновите вести околу сериозноста на повредата на Мбапе.

Нејмар и Данило Переира беа стрелци на погодоците за ПСЖ во триумфот над Лориен.

- Оглас -

Најнови вести