Шок во фудбалскиот свет: Чешки репрезентативец откри дека е хомосексуалец! (Видео)

Чешкиот фудбалер Јакуб Јанкто го шокира светот со јавно признание дека е хомосексуалец. Јанкто, кој официјално е играч на Хетафе, но игра како позајмен за Спарта Прага, вели дека не сакал веќе да се крие, па призна дека е геј.

Јанкто има 27 години, зад себе има 45 настапи за чешкиот национален тим, па реши да ги урне бариерите.

„Како и секој човек, и јас имам силни страни и слабости. Како и секој друг, и јас сакам да живеам во слобода, без страв, без предрасуди, без насилство, само со љубов. Хомосексуалец сум и нема веќе да се кријам“, рече Јанкто во видеопорака.

Инаку неговите тимски колеги од Спарта, тренерот и раководството на клубот, од пред некое време знаеле за сексуалната определба на Јанкто, а сега цел свет знае.

- Оглас -

Најнови вести