Шок во Лондон: Со клоца го онесвести соиграчот, не се знае во каква состојба е (Видео)

Испаднатиот Фулам со 1:0 го победи Кардиф и речиси сигурно ќе го повлече со него и Хадерсфилд во втората англиска лига. Иако испаднат, Фулам играше со мотив и ги израдува своите навивачи, благодарение на голот на Рајан Бабел во 79 минута.

Покрај голот, мечот го одбележа и страшната повреда на играчот на Фулам Денис Одои. Во 20 минута, Одои сакаше со глава да исфрли една топка, но тогаш негов соиграч со нога сакајќи да ја исфрли топката, го удри Одои директно во главата.

Повеќе од 10 минути траеше прекинот, а Одои во безсознание и со маска за кислород беше изненсен од теренот и директно испратен во болница.

Погодокот, но и страшната повреда на Одои може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести