Ајакс поведува со 2-1 на гостувањето кај Јувентус со погодокот на младиот капитен Матајс де Лихт во 67-мата минута. Холандскиот дефанзивец при изведувањето на корнер, беше највисок во скокот и ја затресе мрежата на Шченсни, па сега им преостануваат дваесетина минути за да направат нова сензација и да елиминираат втор фаворит за престижниот пехар.
Инаку „копјаниците“ заслужено дојдоа до водство во вториот дел бидејќи претходно Јуве во четири наврати се спасуваше од погодок.
https://www.dailymotion.com/video/x75y25j