Шок за Хрватска: Албанија во судиското продолжение се спаси од пораз против Коцкестите (Видео)

Репрезентациите на Хрватска и на Албанија одиграа нерешено, 2-2, во првиот натпревар од второто коло на групната фаза на Европското првенство во Германија. Коцкестите одиграа нов лош натпревар, кој ги носи на чекор од елиминација од континенталниот собир.

Албанија во 11-тата минута дојде во водство преку Љачи, кој со глава ја погоди мрежата на Ливаковиќ.

Хрватска долго притискаше, но беше далеку од голот на Стракоша сè до 74-тата минута, кога Крамариќ со гол ја круниса одличната акција за израмнување на резултатот.

Само две минути подоцна, нов шок за Албанија. Ѓасула се најде на погрешно место во погрешно време, па одбиената топка заврши во неговата нога, а потоа и во мрежата на Стракоша.

 

Кога сите мислеа дека Хрватска ќе успее да победи, така не мислеше несреќниот Ѓасула, кој од трагичар се претвори во херој на Албанија бидејќи во 95-тата минута успеа да постигне гол за 2-2. Двете репрезентации сега имаат по еден бод во групата во која Шпанија и Италија имаат по три и утре играат меѓу себе.

 

- Оглас -

Најнови вести