Шок за Клоп во последен час: Салах нема да игра против Манчестер јунајтед

Шок за Ливерпул и Јирген Клоп на помалку од еден час од големото дерби против Манчестер јунајтед. Мохамед Салах отпадна од комбинација за настап поради повреда на зглобот, па на негово место ќе игра Дивок Ориги.

Германскиот стратег се надеваше дека Египќанецот ќе ја надмине незгодата, но за жал не бил во можност целосно да тренира.

„Салах не е подготвен за настап. Се надевавме дека ќе може да игра, но не ја надмина повредата навреме. Би требало да биде вокомбинација за мечот против Генк“, истакна Клоп пред дербито на „Олд трафорд“.

Добра вест за Црвените е што меѓу диреците се врати Алисон Бекер, кој по подолго време повторно ќе ја чува мрежата на лидерот во Премиер лигата. Дербито стартува во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести