Шок за олимпискиот првак Бразил: Загуби од Аргентина и не избори учество на ЛОИ во Париз (Видео)

Репрезентацијата на Бразил нема да има можност да ја брати титулата на Олимписките игри во Париз: Кариоките беа шокирани во квалификацискиот турнир бидејќи на крајот го освоија третото место во групата, зад Парагвај и Аргентина.

Парагвај го имаше обезбедено првото место, а во третото коло во директен дуел за второто место решаваа Бразил и Аргентина. На Бразилците, кои беа предводени од тинејџерската суперѕвезда Ендрик, доволно им беше да одиграат нерешено за да го задржат второто место, но Лучијано Гонду погоди во 78-мата минута, што на крајот се покажа како клучно за победа на Аргентина од 1:0.

Бразил двапати по ред беше олимписки првак, на Игрите во 2016 во Рио де Жанеиро и на Игрите во Токио пред три години, но сега нема да има можност за ново злато. Олимписката репрезентација на Аргентина од клупата ја предводи легендарниот Хавиер Маскерано, кој сега ќе атакува да се повтори успехот од ЛОИ 2004 во Атина и ЛОИ 2008 од Пекинг, кога Гаучосите беа шампиони.

 

 

- Оглас -

Најнови вести