Шок за Србинките, остануваат без својата најдобра кошаркарка?

Утрешното полуфинале од Евробаскетот за жени помеѓу националните тимови на Србија и Шпанија може да биде уништено доколку се потврди дека Ана Дабовиќ не е во можност да настапи за нашиот северен сосед, кој е и домаќин на првенството. Шпанките и онака се фаворитки, а ако не игра Дабовиќ, нивната работа дополнително ќе биде олеснета.

За време на четврт-финалето, на Ана, која има и ВНБА-искуство, ѝ напукна коска во левата рака и веднаш местото беше бандажирано и таа продолжи да игра бидејќи шутира со десна рака. Но, дополнителните прегледи може да покажат дека таа нема да смее да настапи утревечер од 20.30 часот, а тоа би било голем проблем за Србија.

И „црвената фурија“ е без првата ѕвезда Алба Торенс, но таа се оперираше пред првенството.

- Оглас -

Најнови вести