Турско-германскиот боксер Муса Аскан Јамак кој што беше непоразен на 75 натпревари, изминатиот викенд почина среде борба поради срцев удар.
Тој се бореше против Хамза Вандер во турскиот град Гиресун, а во еден момент му се слоши и падна на рингот. Медицинските лица и брзата помош не дојдоа навремено, а голем дел од присутните им се заканувале поради спората реакција.
На крај пристигна и полицијата која што мораше да интервенира за да ја смири целата ситуација.
Снимката која што е подоле е навистина шокантна.