Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти Џеј Шортс, повторно беше најзаслужен за новата победа на Париз во Евролигата, откако вечерва на домашен терен победија против Виртус Болоња со 81-78.
Нашиот кошаркар мечот го заврши со 19 поени и иако не беше најефикасен на паркетот, сепак беше најпрецизен во својата екипа.
Партизан со меч со многу пресврти, успеа да дојде до значајна победа над Олимпијакос со 78-70, откако успеа да надомести негатива од 14 поени, а потоа да дојде и до двоцифрено водство, кое на крајот беше доволно за победа.