Мајкл Антонио имаше ново прекрасно фудбалско шоу во дресот на Вест хем и со два гола и една асистенција беше лидер на теренот кај Чеканите, кои го декласираа Лестер со 4:1.
Најдобриот напаѓач на тимот ги постигна последните два гола на мечот, а претходно му асистираше на Саид Бенрама за 2:0. Мечот почна одлично за Вест хем, а Пабло Форналс им донесе предност на домаќините во 26-тата минута.
Потоа почна шоуто на Антонио и во второто полувреме имаше асистенција и постигна два гола.
https://twitter.com/h21d6LI2AWzIhRJ/status/1429906886317457417?s=20
Напаѓачот на Вест хем со двата гола стана најефикасниот играч на клубот во Премиер лигата со 48 погодоци, сега пред Паоло Ди Канио, кој даде 47 гола за лондончани.
That’s it. Michail Antonio has completed goal celebrations pic.twitter.com/2cxFarid4Q
— FootballJOE (@FootballJOE) August 23, 2021
Домаќините имаа и предност од фудбалер повеќе по исклучувањето на Ајозе Перес во 40-тата минута и умешно ја искористија ситуацијата на теренот.
Единствениот гол за Лестер го постигна Јури Тилеманс во 70-тата минута, во тој момент за намалување на 2:1.
Интересно е што три од последните пет дуели на овие две екипи завршија со по пет гола, а трендот на ефикасни мечеви меѓу Вест хем и Лестер продолжи и вечерва.