Манчестер сити славеше на свој терен против Борнмут со 3:1 во меч од 10. коло на Премиер лигата. Со оваа победа Сити се искачи на второто место на табелата, додека Борнмут сега падна на четвртата позиција.
Ерлинг Халанд е херојот на Сити, постигнувајќи два гола и тоа во првото полувреме. Голгетерот на Сити ја отвори серијата погодоци во 17 минута. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Борнмут покажа зошто е во самиот врв на табелата и брзо врати. Адамс погоди за гостите во 25 минута, израмнувајќи на 1:1, а овој погодок може да го видите ТУКА.
Сепак, до крајот на првиот дел, повторно на сцена стапи Халанд, кој со својот втор погодок донесе нова радост за Граѓаните и 2:1 на полувремето. Вториот гол на Халанд може да го видите ТУКА.
Сите дилеми околу победникот беа решени кога во 60 минута Нико О’Рајли зголеми на 3:1, па до крајот на средбата Манчестер сити не дозволи да ја пропушти шансата да ги освои трите бода на свој терен.

