Шоу на Суарес, постигна хет-трик за 20 минути и режираше неверојатен пресврт на Гремио (Видео)

На Луис Суарес му беа потребни само 20 минути за да постигне три гола и да режира неверојатен пресврт на Гремио во дуелот со Ботафого и да го направи бразилскиот шампионат супер интересен.

Ботафого во 50-тата минута водеше со 3:1 и кога нивните навивачи помислија дека можат да почнат да ја прославуваат победата, тогаш на сцена стапи Суарес, кој го постигна првиот хет-трик од 2018 година, кога со три гола го уништи Реал Мадрид во градското дерби со Атлетико.

Уругваецот првиот гол го постигна во 50-тата минута, а три минути подоцна погоди за 3:3. Точка на мечот стави во 70-тата минута со неговиот трет гол за водство на неговиот Гремио од 3:4, резултат кој се покажа како конечен. Десет минути по неговиот трет гол, Суарес го напушти теренот и доби овации и од навивачите на Ботафого.

 

Со триумфот, Гремио го направи супер интересен финишит во бразилскиот шампионат. По 32 кола, Ботафого, Гремио и Палмеирас имаат по 59 бода, еден помалку има Брагантино, Фламенго е петти со 56, а шестиот Атлетико МГ има 54 бода.

Уругваецот на почетокот од годината потпиша за Гремио и на 48 меча постигна 23 гола и има уште 16 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести