Шоу во Лос Анџелес: Леброн се обидуваше, ама не успеваше да го запре Дончиќ (Видео)

Далас маверикс победи во Лос Анџелес против Лејкерс со 109-104 во еден од најинтересните натпревари во НБА-лигата кои се играа синоќа.

Маверикс имаа убедливо водство по првото полувреме, но Лејкерс одиграа фантастично во третиот период и ја стопија негативата, за на крај, сепак, последната четвртина да им припадне на гостите и тие да победат.

Предводник на Маверикс беше Лука Дончиќ со 25 поени, од кои седум во последната четвртина. Словенецот во првата четвртина имаше едно одлично забивање преку Двајт Хауард, а потоа во финишот, кога беше чуван од Леброн Џејмс, успеваше да го помине и да дава поени.

Погледнете го можеби најатрактивното забивање во кариерата на Лука:

Лејкерс имаат шест порази на последните седум меча, а 0-3 по олстар-паузата, и загрозено им е местото дури и во плејин, како предигра за плејофот.

Ова е еден од дуелите на Дончиќ со Џејмс:

- Оглас -

Најнови вести