Голманот на Манчестер јунајтед и поранешен шпански репрезентативец, Давид де Хеа, изјави дека сака кариерата да ја заврши на „Олд Трафорд“.
Оваа изјава на Де Хеа доаѓа откако медиумите почнаа да шпекулираат дека тој на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот, ќе си замине од Манчестер јунајтед.
„Релаксиран сум, сигурно е дека ќе се заврши на најдобар начин. Кариерата сакам да ја завршам во Манчестер јунајтед бидејќи тука сум среќен“, изјави Де Хеа.
Според англиските медиуми, управата на Црвените ѓаволи сака да го задржи Шпанецот на „Олд Трафорд“, но под услов тој да се согласи да му се намали платата. Според актуелниот договор кој му истекува во јуни, Де Хеа заработува 375.000 фунти неделно.
Давид де Хеа во Манчестер јунајтед пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид и досега одигра 510 натпрвевари за Црвените ѓаволи.