Шпанија е фаворит, но традицијата е на страна на Грција

Возбудувањата на Европското првенство во ватерполо достигнуваат кулминација со денешните четвртфинални мечеви. Победниците во овие елиминациски дуели ќе се пласираат во полуфиналето, што значи дека ќе бидат само на еден чекор од полуфиналето.

Унгарија е фаворит против Црна Гора, а и традицијата вели дека тие имаат шест победи во низа против денешниот ривал.

Италија не би требало да има многу проблеми против Франција, која во осминафиналето ја изненади и ја елиминира Србија. Хрватите не смее да си дозволат луксуз против Грузија и домаќинот на континенталниот собир е најголем фаворит од сите четвртфиналиња.

Според коефициентот, Шпанија треба да има поголеми шанси за победа во дуелот против Грција, но ако се гледа традицијата, Грците се тие кои имаат седум победи од последните 11 средби со Црвената фурија.

Пред почетокот на четвртфиналните средби ќе се игра мечот за разигрување од 9-12 место меѓу Холандија и Србија.

- Оглас -

Најнови вести