Шпанија и Шкотска на ЕП, Турција е многу блиску до тоа, а Хрватска е подалеку (Видео)

Европското првенство кое следната година ќе се одигра во Германија вечерва доби уште два учесника. Тоа се репрезентациите на Шпанија и Шкотска. Токму Шпанците одиграа и за двете репрезентации и со денешната победа од 0-1 против Норвешка си го обезбедија учеството на континенталниот собир, а со себе ја повлекоа и селекцијата на Шкотска, која беше слободна ова коло.

Единствениот погодок за Шпанија беше дело на Гави во 49-тата минута. Шпанија и Шкотска сега имаат по 15 бода, додека Норвешка има 10 и само еден меч за играње до крајот на квалификациите.

Фудбалерите на Турција речиси се на Европското првенство откако вечерва беа убедливи со 4-0 против Летонија на домашен терен, а на вториот натпревар од оваа група Велс ја совлада Хрватска со 2-1. Вилсон беше стрелец на двата гола за Велс, додека Пашалиќ го постигна почесниот за Хрватска.

Во групата Д, Турција е убедливо прва со 16 бода, пред Велс и Хрватска со по 10, но теоретски сè уште го немаат обезбедено пласманот на континенталниот собир бидејќи Турците имаат само уште еден натпревар за играње, а Велс и Хрватска по два, па теоретски е можно да се формира круг на трите репрезентации.

Полска и дефинитивно се збогува од шансите за пласман на Европското првенство откако вечерва одигра само 1-1 на домашен терен против Молдавија. Сега во конкуренција остануваат само Албанија, Чешка и изненадувачки Молдавија, но најверојатно токму тие ќе извисат на крајот бидејќи шансите им се само теоретски.

Репрезентацијата на Романија дојде уште еден чекор поблиску до пласман на Европското првенство откако вечерва убедливо со 4-0 ја совлада Андора. Романците со оваа победа се искачија на врвот од својата група, во која е и Израел, чии мечеви беа одложени.

Резултати:

Норвешка – Шпанија 0-1
Полска – Молдавија 1-1
Романија – Андора 4-0
Турција – Летонија 4-0
Велс – Хрватска 2-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести