Шпанија ја продолжи доминацијата во Ф групата за пласман на Европското првенство во 2020 година. Црвената фурија без никакви проблеми со 4:0 славеше против аутсајдерот Фарски Острови. По два гола дадоа Родриго и Пако Алкасер, но сепак, прва ѕвезда на мечот беше капитенот Серхио Рамос.
Дефанзивецот го одигра 167 меч во репрезентативниот дрес и на тој начин се израмни на врвот по бројот на настапи со голманот Икер Касилјас. Рамос сега е на девет меча од европскиот рекорд на Џанлуиџи Буфон и на само 17 средби од светскиот рекорд на Ахмед Хаман.
167 – @SergioRamos ha igualado a @IkerCasillas como el jugador que más partidos ha disputado en la historia de la @SeFutbol. Capitán pic.twitter.com/PAuyw5qeJF
— OptaJose (@OptaJose) September 8, 2019
На победа и тоа на гостински терен, вечерва се радуваше и вториот голем фаворит. Италија со 2:1 ја победи Финска. Имобиле и Жоргињо од пенал беа стрелци за Аѕурите, а Пуки погоди од белата точка за домаќините.
Грција киксираше пред своите навивачи и одигра само 1:1 против Лихтенштајн, додека Шведска и Норвешка освоија по еден бод, откако меѓусебе си дадоа по еден гол.