Шпанија ѝ се реваншираше на Германија – Црвената фурија ги има најдобрите младинци во Европа

Шпанија ги има најдобрите младинци на континентот откако вечерва во финалето на Евопското првенство за играчи до 21 година со 2:1 ги победија врсниците на Германија. Со оваа победа, Црвената фурија целосно ѝ се реваншираше на Германија за поразот во финалето во Полска од пред две години. Тогаш Германија се радуваше на титулата благодарение на победа од 1:0.

Играчот за врска на Наполи, Фабијан Руиз, ја донесе Шпанија во водство во седмата минута, што беше и резултат од првиот дел. Во второто полувреме, Дани Олмо, играчот на Динамо Загреб, зголеми на 2:0.

Германија беше немоќна, а единствено што успеаја да направат Панцерите е тоа да постигнат почесен гол во 88-мата минута преку Амири.

 

- Оглас -

Најнови вести