Шпанскиот тренер Роберто Морено скапо го чинеше тоа што премногу верува и се советува со вештачката интелигенција. Морено пред неколку месеци доби отказ од рускиот тим Сочи, а сега се познати деталите за таа одлука Шпанецот да си замине.
Поранешниот тренер на Монако и на Гранада во септември минатата година доби отказ поради серијата лоши резултати на Сочи, а сега во јавноста се појавија неговите необични методи кои ги користел додека бил на кормилото на Сочи.
Генералниот директор на Сочи, Андреј Орлов, откри дека Морено бил премногу фокусиран на користење ChatGPT (вештачка интелигенција). Пред мечот против СКА Хабаровск, тренерот дозволил вештачка интелигенција да ја креира комплетната тактика.
Проблемот се појавил кога планот бил преставен пред челниците на клубот затоа што, меѓу другото, препорака било дека фудбалерите не смее да спијат 28 часа пред почетокот на мечот.
„Морено е голем љубител на ChatGPT. Ни откри дека се испланирал со помош на вештачката интелигенција. Кога ја видов презентацијата, забележав дека планот е фудбалерите да не спијат 28 часа пред почеток на средбата. Го прашав „Роберт, кога ќе спијат момците?“ Потоа беа сменети некои параметри и планот се промени“, открива Орлов.
Интересно е дека Сочи победи на тој дуел против СКА Хабаровск со 1:0, но и тоа не го спаси Морено да не добие отказ од рускиот тим.

