Шпанците направија „таратур“ со составот на ЦСКА Москва (Фото)

Шпанските медиумски гиганти „Марка“ и „Ас“ објавија исти и сосема погрешни состави на рускиот тим ЦСКА Москва за дуелот со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва, од 18.55 часот.

„Знаеме дека странските медиуми не се премногу заинтересирани за рускиот фудбал, но составот што го објавија шпанските весници е сосема погрешен. Од каде најдоа два десни бека и играч што воопшто не е регистриран за настап во Лигата на шампионите? Не сме велесила, но сепак ова е елитно натпреварување“, пишуваат руските медиуми.

Н`Дијае, кој е запишан како резерва на ЦСКА Москва, во објавениот состав на „Марка“ и на „Ас“ воопшто не е пријавен за рускиот тим за натпреварите во Лигата на шампионите, а утната е и десната бочна позиција со два бека – Марио Фернадес, кој е десен бек и Георги Шеников, играч што настапува на спротивната лева страна.

„Ова е новитет и за тренерот Гончаренко, а во ваква формација ЦСКА никогаш не играла, ниту има шанси да игра. Можеби ќе се обиде со дупликат десен бек“, по малку и на шега коментираат руските медиуми.

И потсетуваат дека ЦСКА е еден од ретките состави во Европа што има израмнет биланс против најтрофејниот клуб на Стариот Континент, Реал Мадрид. Билансот е по една победа, реми и пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести