23.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Шпанците тврдат дека Роналдо се враќа во Реал Мадрид

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо може да се врати во Реал Мадрид, но овој пат во поинаква улога, пишува „Ел Насионал“.

Според весникот, Роналдо нема да се врати како фудбалер туку ќе му биде понудено да биде амбасарор на Реал Мадрид или на некоја друга функција во клубот.

Наводно, претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, му ветил дека сигурно ќе има место за Португалецот во управата.

Роналдо во зимскиот преоден рок се пресели во Саудиска Арабија потпишувајќи го со Ал-Наср најголемиот договор во историјата на фудбалот кој ќе му донесе 500 милиони евра за две и пол години.

- Оглас -

Најнови вести