Шпанците засрамени што немаат гол-технологија, Французите им помогнаа со 3Д! (Видео)

Во фудбалот има потребата од гол-технологија и навистина е чудно зошто ја нема во шпанската лига, која е една од најсилните на светот.

Вака се остава простор за шпекулации и сомнежи при некои спорни ситуации, како синоќешната, кога голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, ја извади топката од гол-линија по шут на Ламин Јамал.

Спроведувањето на технологијата „Соколово око“ ​​ќе ја чини Ла Лига четири милиони евра по сезона. Оваа технологија веќе се користи во важни натпреварувања како Лигата на шампионите, Премиер лигата и Бундеслигата.

Судиите во ВАР ја анализираа ситуацијата и на крајот беше пресудено дека нема гол за Барселона, а во тој момент од првото полувреме резултатот беше 1-1.

Француската телевизија Канал+ ја искористи својата 3Д технологија за да го анализира спорниот момент. Заклучокот е дека топката не е целосно 100 проценти зад гол-линијата, што значи дека проценката на судиите е добра и ова не е гол.

- Оглас -

Најнови вести