Штербик добива нова улога во Веспрем

Арпад Штербик и по завршувањето на професионалната кариера ќе остане во редовите на урганскиот гигант Веспрем. Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња доби нова улога во тимот, ќе биде тренер на голманите.

Оваа информација ја потврди предводникот на Веспрем Давид Дејвис, па така Штербик ќе остане во клубот за којшто бранеше во изминативе две години.

Инаку, шпанскиот великан во март годинава означи крај на кариерата на 41 година, одлуката ја донесе принудно поради што пандемијата со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести