Речиси и да нема обложувач кој во петоците не игра на натпреварите од втората холандска лига и тоа на голови, а вечерва еден обложувач во Sport Life само за еден гол остана без нето-добивка од 23.517 денари со уплата од само 20 денари.
Во објект на Sport Lifе во Неготино, обложувач одиграл тикет на кој беа деветте натпревари од втората лига и на кои барал да има барем по два гола во првото полувреме.
Еден натпревар поради лоши временски услови, Јонг Утрехт – Јонг ПСВ беше одложен поради поплавен терен, а на седум меча беше исполнет условот на обложувачот од Неготино.
Единствен натпревар на кој не паднаа два гола во првото полувреме беше тој меѓу Ден Бош и Венло на кој по првите 45 минути беше 1:0 за домаќинот. Ден Бош голот го постигна уште во 14-та минута, но двата тима не успеаја барем уште еднаш да ја затресат мрежата и да го израдуваат неготинецот.