Штета што не даде гол по феноменалниот спринт низ целиот терен (Видео)

Џек Грилиш имаше неверојатна соло акција на мечот против Барнли, но, за жал, не успеа да го круниса со погодок. Репрезентативецот на Англија го претрча речиси целиот терен откако доби топка од голманот Мартинес, а покажа одлична фудбалска вештина.

Со жонглирање мина неколку противници, а потоа го продолжи спринтот од 80-90 метри на „Трф Мур“ и ја заврши прекрасната акција со удар кон голот на Барнли, но Ник Поуп со одлична интервенција го спречи офанзивецот на Астон вила да постигне погодок, што ќе му беше втор на мечот.

Барнли ја победи Астон вила со 3:2 во драматичен меч со два пресврти откако гостите водеа со 0:1 со голот на Воткинс и со 1:2, токму со погодок на Грилиш.

 

- Оглас -

Најнови вести