Штип УГД ѝ се „одмазди“ на Струмица и остана во игра за трофејот во одбојкарското првенство

Одбојкарите на Штип УГД го добија третиот меч од финалната серија против Струмица со максимални 3-0 и намалија на 2-1 за противникот во победи. Тоа значи дека финалната серија продолжува во понеделник, со меч во Струмица, на кој актуелниот шампион може да дојде до 12-тата титула во историјата или пак Штип УГД ќе се избори за мајсторка пред својата публика.

Вечерва штипјани беа доминантни, првите два сета ги добија со 25-21 и 25-23, но затоа во третиот сет славеа со убедливи 25-15.

Во регуларниот дел од првенството, Штип УГД заврши на првата позиција и има предност на домашен терен при евентуална мајсторка, но Струмица успеа да ги исненади и да победи со 1-3 на првиот меч во Штип, а потоа и со 3-2 на домашен терен.

Последните две сезони Штип УГД го освојуваше трофејот од Купот на Македонија и тоа со победи токму над Струмица.

- Оглас -

Најнови вести