Што би правела Барса без Меси, со тики-така гол го спаси новиот тренер од критики (Видео)

Кике Сетјен за првпат во тренерската кариера на дебито во некој клуб успеа да победи (досега имаше по три победи и ремија), а за тоа треба да му се заблагодари на Лионел Меси, кој даде гол за победа од 1-0 против Гранада. Можеби многумина мислеа дека Барса ќе ја прегази Гранада, но одбраната на тимот од Андалузија попушти дури во финишот, откако претходно еден играч им беше исклучен.

Меси со гол ја комплетираше феноменалната акција во која учествуваа неколку играчи на Барселона, а асистенцијата беше на Артуро Видал. Меси беше стрелец на првиот гол за Каталонците и кога на клупата на овој клуб дебитираа Ернесто Валверде и Луис Енрике. Со оваа победа, Барселона се врати на врвот на табелата и има еднаков број бодови со Реал Мадрид.

Гранада држи еден негативен рекорд во Шпанија, има 24 порази на 24 гостувања кај Барселона. Домашните имаа дури 82 проценти посед на топката.

https://www.youtube.com/watch?v=xxU95Slld_4

- Оглас -

Најнови вести