Што би правела Жирона без Стуани?

Кристијан Стуани од Жирона даде гол во 37 минута од гостувањето кај Уеска, но тоа беше доволно само за бод, бидејќи и домашните погодија од белата точка, па средбата заврши 1:1. За двата пенала, главниот судија при одлуката ја користеше ВАР технологијата.

За Уругваецот Стуани, ова е шести гол сезонава, и го држи второто место на листата на стрелци во шпанската Примера, зад Андре Силва од Себвилја, кој има седум гола.

Жирона сезонава има дадено 8 гола, од кои шест се дело на Стуани, кој наскоро ќе наполни 32 години. Стуани даде по два гола против Барселона и Селта, а погоди и на гостувањето кај Вилјареал.

Погодокот на Гонсало Мелеро во 72 минута, е историски за Уеска. Тоа е првиот погодок за овој клуб на својот стадион на еден прволигашки меч во Ла Лига. Првите два домашни меча ги губеа со по 0:1.

- Оглас -

Најнови вести