Што да се типува кога играат германски специјалисти за нерешено?

1001 Кристал палас – Њукасл (21.00 часот)

Кристал палас гостуваше трипати во последните четири кола и враќањето дома треба да им биде мотив да победат. Палас има само два бода од Чавките. Суспендираниот Миливојевиќ и болниот Заха ќе ги нема кај домашните, а Њукасл не може да смета на голманот Дубравка и веројатно на повредениот Калум Вилсон. Њукасл губеше со по 0-2 во претходните два меча во Премиер лигата, а последните четири меѓусебни дуели на овие тимови завршуваа со 0-1 гол. Њукасл од 2013 година не победил на „Селхарст парк“.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.02)

 

1702 Стразбур – Рен (21.00 часот)

Стразбур е претпоследен по 11 кола, ја има и најлошата одбрана во француската лига, па за нив и прво реми сезонава (имаат две победи и девет порази) би бил успех бидејќи би прекинале серија од три порази по ред. Но, и Рен е во криза, во првенството има три порази во последните четири кола, а не му оди добро ниту во ЛШ. Заморот кај гостите може да биде негативен фактор. Рен од септември нема гостинска победа, но и Стразбур дома не победил два месеци. Традицијата најавува дека ќе има победник.

Предлог тип: 2 (2.62)

 

1801 Волфсбург – Вердер (20.30 часот)

Кај овој пар, многу показатели најавуваат дека средбата ќе заврши нерешено. Од осумте меча кои ги одиграа сезонава, и Волфсбург и Вердер имаат дури по пет ремија. Кај Вердер ситуацијата е дури и смешна, пет кола по ред играат само нерешено и сите со резултат 1-1. Волфсбург нема ниту еден пораз, заедно со Лајпциг се тимови со најмалку примени голови, но доста се и неефикасни, а по серијата ремија, во последните две кола успеваа да победат. Волфсбург пет години не славел дома против Вердер, тоа е последен нивен меѓусебен меч на кој едниот тим не давал гол.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.80)

 

1301 Валјадолид – Леванте (21.00 часот)

Валјадолид врза две победи по ред, па сега своето место во опасната зона на табелата му го отстапи на Леванте, кој сега е трети од долу. Тимот на Енис Барди е неефикасен сезонава, има само една победа во девет настапи, а има серија од четири нерешени игри по ред. Моментумот е на страна на домашните, а гостите и натаму се без повредениот Барди. Ова се две непредвидливи екипи и подобро е да се игра на голови, отколку на конечен тип.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

3011 Киево – Лече (21.00 часот)

Киево имаше четири победи по ред, а серијата му ја запре Порденоне со нерешено во минатото коло. Сепак, Летечките магариња се во налет и имаат примено само 4 гола сезонава, што е најдобра одбрана во Серија Б. Лече има три победи едноподруго и го има убедливо најефикасниот напад (20 гола на 8 средби). Лече од 2012 година не гостувал кај Киево, тогаш беа прволигаши, а последната победа на Лече во Верона е пред 16 и пол години.

Предлог тип: 3+ (1.90)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Волфсбург – Вердер Т1 1+I & T1 2+ (2.35)

Кристал Палас – Њукасл 1Х & 2-4 (2.25)

Валјадолид – Леванте 1Х & 1+ прво (2.20)

- Оглас -

Најнови вести