Кој гол е поубав? Салах и Видал велемајсторски „ги возеа“ одбраните на Манчестер сити и Реал Мадрид (Видео)

Мохамед Салах и Алеиш Видал на брилијантен начин ги „извозеа“ одбраните на Манчестер сити и на Реал Мадрид и постигнаа два фантастични гола за Ливерпул, односно за Еспањол.

Видал се радуваше на голема победа против Кралскиот клуб, а токму тој со извонредната соло акција во 60-тата минута го постигна клучниот втор гол за Еспањол во победата од 2:1 против најтрофејниот клуб во Шпанија.

https://www.youtube.com/watch?v=hZmh8fggB4c

Салах имаше брилијантен индивидуален перформанс на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити во Премиер лигата и по соло акцијата во која ја нанижа целата одбрана на шампионот, постигна гол во 76-тата минута, во тој момент за предност на домаќинот од 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=AHF11GhvK1I

Потоа Кевин де Бројне израмни на 2:2, што е конечен исход на мелот на двата кандидати за титулата во Англија.

- Оглас -

Најнови вести