Што е убав овој виртуелен свет – онлајн Европско, онлајн бет

Не е сѐ така црно во ова кризно време, во кое владее вирусна пандемија. Точно дека короната нѐ затвори дома повеќе од два месеци, ама кај и да е ќе куртулиме и ние, како што светот  веќе почна постепено да закрепнува. Издржавме доста долг период, уште седум дена да поседиме дома ни кажаа од врвот, а потоа може да се враќаме во нормала. Трпеливо чекаме да помине ова лудило кое во одреден период ни донесе потешкотии, но има такви кои работат на тоа да ни го олеснат привремениот „затвор“.

Како на пример, онлајн обложувањето кое го нуди Sport Life навистина им олесни на обложувачите. Се чудеа како без лифче ќе го дочекаат рестартот на Бундеслигата, па најдобрата обложувалница во нашата земја се адаптира на околностите и им овозможи на своите клиенти лежејќи на троседот да се кладат на Баерн, Дортмунд, Лајпциг. Секако се стигна навреме да се отворат шалтерите, меѓутоа мора да се каже дека онлајн обложувањето моментално е во преден план, или подобро да се каже иднината на кладењето е сега. Ај што седиш дома и мозгаш дали Левандовски е човекот кој денес ќе ти донесе среќа, туку добиваш и бонус при уплата – што било добро ова технолошко адаптирање. Ако се земе во предвид дека повеќето шампионати ќе се доигруваат среде лето, наместо да се оди по горештините да се уплати тикет, сето тоа може да се направи од дома, седејќи под клима на ладно.

ВИРТУЕЛНО ЕВРОПСКО – ПРОФЕСИОНАЛНА РЕКРЕАЦИЈА

Пандемијата го одложи европскиот сон пред сѐ на македонската фудбалска репрезентација и сите ние кои со срце чекаме да ги видиме Рисовите на едно големо натпреварување. Се надеваме дека 2021 година ќе биде историска за нас кога ќе го дочекаме пласманот на ЕП, а во меѓувреме виртуелното континентално првентсво го доби и новиот владетел.

Преку видеоиграта „PES20“ професионални е-репрезентативци на своите земји водеа битка за европската круна, а натпреварите со пренос во живо можеа да се проследат на „Твитер“ на страницата на УЕФА ЕУРО 2020. Италија во финалето ја доби Србија во три добиени партии, па така Аѕурите ја освоија виртуелната титула. Во многу земји овој начин на натпреварување одамна се смета за професионален, кај нас дури сега се развива, но се фаќа чекор. Точно е дека никако не може да го долови уживањето во вистинскиот фудбал, но технологијата константно се движи напред и во иднина ваквото натпреварување ќе се смета многу посериозно.

Нема сомнежи дека е-спортовите доживеаја „бум“ во изминатиов период, виртуелните бојни полиња беа единствен начин да се одмерат силите седејќи дома. Спортските ѕвезди и љубители се потрпеа на популарните видеоигри „FIFA“, „PES“, „DOTA2“, „Counter strike“, преку кои се докажуваа кој е најдобар „гејмер“, а истовремено се организираа настани кои служеа како хуманитарни акции. Треба да се напомене дека со помош на наведените видеоигри веќе со години се одржуваат светски и континентални првенства, а голем дел од нив можете да ги најдете во понудата на Sport Life и да се обложувате на истите.

Затоа, поседи уште малку дома и препушти се на технологијата…

- Оглас -

Најнови вести