Фудбалерите на Славен Белупо попладнево гостуваат кај Риека во натпреварот од последното коло на хрватската СуперСпорт лига, Риека има одлична шанса да ја освои титулата пред своите навивачи, а нејзината навивачка група Армада се погрижи да му ја отежни работата на ривалот.
Славен Белупо објави снимка на социјалните мрежи и се пожали за она што се случило пред нивниот хотел.
„Огнената ноќ е зад нас. Неколку стотици навивачи на Армада ни подготвија пиро-шоу пред хотелот синоќа. Ја разбираме навивачката еуфорија, соперништвото, провокациите, па дури и ваквите ноќни посети, но не и уништувањето на имотот. Не разбираме што не е во ред со клупскиот автобус, на кој му беше скршено стаклото, и на кој беа фрлани факели и сообраќајни знаци. Истотака не го разбираме и фрлањето факли по прозорците и балконите на играчите. Ги осудуваме таквите работи и веруваме дека никогаш повеќе нема да се случат. Силата се докажува на теренот, нека биде така и денес“, објави клубот од Копривница за кој игра Илија Несторовски.