Што крие оваа фотографија на тогашниот 13-годишен Лука Дончиќ?

Еден непознат италијански кошаркар по име Матео Гарција одлучи да сподели една интересна фотографија на социјалните мрежи. Тој постираше фотографија на која заедно со него е Лука Дончиќ, а е направена на еден турнир за деца во 2012 година. Матео откри која е разликата меѓу него и Дончиќ.

„Здраво, јас сум Матео и имам 20 години. Кога ги прегледував старите фотографии на ’Фејсбук’, ја пронајдов оваа фотографија од 2012 година. Сигурен сум дека веднаш ќе го препознаете високото момче во белиот дрес. Да, тоа е Лука Дончиќ. Бевме на меѓународен турнир и имавме по 13 години. Знам дека јас изгледам како негов син. Лука на тој турнир даде 54 поени во финалето, а имаше и по 20 асистенции на меч во просек. Беше прогласен за МВП на турнирот, а беше и најдобар стрелец. Неговата Олимпија го освои турнирот“, почна во својата објава Матео, а потоа продолжи да објаснува.

„Сега, по седум години, сакам да направам споредба каде е тој, а каде сум јас. Дончиќ има злато од Европско првенство, злато од Евролигата, три титули во Шпанија. Прогласен беше за најдобар дебитант во НБА-лигата, игра за Далас и во просек дава 29,3 поени, 9,6 скока и 9 асистенции по меч. Шутира со 48 отсто прецизност, потпиша 50 милиони вреден договор и има над 3,5 милиони следачи на ’Инстаграм’. А што е со мене? Играм за регионален тим. Бев МВП на турнир во Ливор, играм во Серија Д и просечно давам по 10 поени и имам нула скока по меч бидејќи како што се гледа на сликата, „многу сум висок“. Не добивам плата за играње кошарка, а сам си платив 50 долари за лекарски преглед. Имаме неколку пара патики кои ги платив 160 долари. И да, имам 732-ца пријатели на ’Инстаграм’“, ја заврши споредбата италијанскиот кошаркар со славниот Лука Дончиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести