9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Што ли мислеше Жоан Гарсија? Невидена глупост на голманот на Барселона (Видео)

Барселона успеа да се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија, откако славеше над Албасете со 1-2, но целиот стадион остана во неверување после она што го направи голманот на Барселона во 45-тата минута.

Албасете имаше напад, а Араухо одлично загради, па топката заврши во рацете на Жоан Гарсија. Сепак, голманот на „каталонците“ со топката во раце излезе надвор од теренот за да му честита на дефанзивецот за одличната игра, а тоа значеше и корнер за Албасете.

Навивачите на социјалните мрежи се шегуваат со Жоан Гарсија, а најпечатлив е коментарот „дека голманот веројатно не ги знае доволно фудбалските правила“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести