До 15:30 часот може да ја испробате среќата и да бидете во трка за освојување на Ајфон

Уште малку време остана до стартот на 21. коло на Спортска прогноза. Доколку уште не сте прогнозирале, направете го тоа и бидете во трка за неделните премии кои ги нудат Sport Life и Спорт Манија. За погодена „Среќна 13-ка“ следува фантастична премија мобилен телефон IPhone XS. 

Доколку имате 12 или 11 погодени, ќе бидете добитник на вредносни ваучери од по 1.000 или 500 денари од Sport Life. Едноставно вреди да се игра БЕСПЛАТНАТА Спортска прогноза, затоа што нема што да загубите, а може да бидете добро наградени за своите точни погодоци.

Последната шанса за прогнозирање е 15:30 часот кога започнува дуелот меѓу Хофенхајм и Баер Леверкузен во Бундес лигата. Само половина час подоцна е дербито на викендот кое се игра во Мадрид. Реал го пречекува Атлетико, а помалку од 5 отсто веруваат дека Јорганџиите може да победат на „Сантијаго Бернабеу“.

Во понудата на Спортска прогноза има уште 11 мечеви од Топ 5 лигите. Не се двоумете и прогнозирајте до 15:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести