Што може да направи Србија против европскиот првак Португалија?

Првото коло нуди микс од квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2020 година, мечеви од Јужна Америка и од пониските лиги во Европа. Меѓу нив, за нас најинтересен е дуелот меѓу Летонија и Македонија, што ќе се игра во Рига на 9 септември, но од фудбалски аспект, исто така, возбудлив дуел се очекува и на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, помеѓу Србија и Португалија.

Oрлите за првпат во овие квалификации на теренот ќе се појават со новиот селектор Тумбаковиќ, а откако во март годинава успеаја на европскиот првак да му одземат бод во Лисабон, пред домашни навивачи ќе се обидат да издвојат уште еден позитивен резултат. Португалците досега не претрпеле пораз на гостувањата на Белград, поточно во ниту еден од вкупно петте меѓусебни дуели против Србија.

На прогнозерите им останува да размислат како ќе го прогнозираат овој неизвесен дуел, кој може да направи голема разлика во вкупниот број погодени натпревари во премиерното коло од втората сезона на Спортска прогноза.

КАРТИЧКА ОД SPORT LIFE E ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Сепак, овојпат Спортска прогноза е во малку изменет формат. Ќе може да се учествува само со Sport Life картичка и на интернет-страницата на најдобрата спортска обложувалница во Македонија. За линкот до Спортска прогноза кликнете ТУКА. Потоа логирајте се со вашето корисничко име и лозинка на интернет-страницата на Sport Life. Откако ќе кликнете за прогнозирање, ќе треба да го внесете бројот на вашата СЛ картичка доколку досега не сте ја верификувале и веќе сте на вистинскиот пат.

СЕКОЈ ВИКЕНД МОЖНОСТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН iPHONE XS

Секој викенд главен предизвик ќе биде освојување мобилен телефон I-Phone XS, кој може да се добие со 13 погодени меча. За 12 погодоци следуваат ваучери од 1.000 денари од Sport Life, а единаесетка носи ваучер од 500 денари.

Подароци на крајот ќе има и за најредовните и најуспешните. Смарт ТВ 48 инчи ќе добие првакот на крајот од сезоната во Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести