Што му се случува на Ливерпул? Нова повреда, против Фулам не игра хит-засилувањето

Нова повреда донесе нов главоболки во таборот на актуелниот англиски првак Ливерпул, а утре против Фулам нема да игра Диого Жота, хит-засилувањето на Црвените од Енфилд Роуд.

Португалецот кој се вклопи на чудесен начин во составот на Ливерпул го повреди коленото и наместо на пат за Лондон, остана во Ливерпул на дополнителни прегледи.

Во таборот на англискиот шампион се надеваат дека не е ништо сериозно, но превентивно го оставија Жота дома и нема да игра против Фулам, утре од 17.30 часот.

Жота му се приклучи на Ливерпул во септември годинава за сума од 45 милиони евра што шампионите му ја платија на Вулверхемптон.

И играше одлично, па постигна пет гола на деветте натпревари во Премиерлигата за Ливерпул, а вкупно сезонава има улинок од 9 погодоци на 17 натпревари.

Ливерпул има многу проблеми со повреди на играчите во последно време, а надвор од строј се Ван Дајк, Гомес, Алкантара, сега и Жота, Шакири и Милнер, а за утрешниот меч неизвесни се и голманот Алисон, Окслејд-Чембрлен и Цимикас.

 

- Оглас -

Најнови вести