Што му требаше да го направи тоа? Диего Коста е најголемиот губитник сезонава

Атлетико Мадрид денеска игра меч за титула во Шпанија. Јорганџиите се први на табелата со 83 бода, два повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид и со триумф на гости кај Валјадолид, титулата од Примера дивисион ќе замине во витрините на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Едноставно Атлетико сам си решава за тоа дали ќе биде ова шампионска сезона, но сигурно нема да биде лесно против Валјадолид кој уште има шанса за опстанок. Доколку Атлетико Мадрид ја освои титулата, дефинитивно најголем губитник не само во Мадрид, туку и во цела Европа ќе биде Диего Коста.

Голгетерот кој пред седум години блескаше за Атлетико и даде 36 гола во 52 меча таа сезона кога Јорганџиите станаа шампиони на Шпанија, сезонава реши сам да си замине од клубот. Коста имаше договор до крајот на сезонава, но напаѓачот во јануарскиот преоден рок побара раскин на договорот.

Сите веруваа дека Коста има веќе договор со некој друг клуб, но се покажа дека тој едноставно не можел да поднесе дека го загуби местото во стартниот тим од Луис Суарес. Уругваецот дојде во Атлетико на почетокот од сезонава и блесна, ставајќи го Коста во сенка но и на клупата.

Коста кој одигра само седум меча сезонава за Атлтико и даде два погодци, веќе половина година е без клуб, додека неговиот веќе поранешен клуб денеска игра меч за титула во Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести