Што треба да се случи за некој да го надмине рекордот на Меси?

Лионел Меси на последниот меч за Барселона даде еден гол во победата од 3:0 на гости кај Валјадолид и со тоа стигна до светски рекорд. Аргентинскиот виртуоз стигна до 644 погодоци во дресот на Барселона, со што го надмина неколкудеценискиот рекорд на Пеле. Легендарниот Бразилец во кариерата застана на 643 гола во дресот на Сантос и тоа беше недостижно постигнување сè до голот на Меси против Вилјареал.

За тоа колку беше тешко да се достигне рекордот на Пеле покажува и фактот дека трет на оваа вечна листа е Герд Милер, кој постигнал 570 погодоци во дресот на Баерн Минхен. Многумина веруваат дека нема да се роди фудбалер кој некогаш ќе успее да го достигне рекордот на Меси по бројот на погодоци во еден клуб.

Педантните статистичари пресметале дека некој фудбалер за да го достигне рекордот на Меси, треба да игра во еден клуб барем 15 сезони и во просек да постигнува по 43 погодоци, односно една и пол деценија да игра на врвно ниво. Со оглед на тоа како парите влијаат на одлуките на фудбалерите за тоа каде ќе играат, сè помал е бројот на играчи кои остануваат 15 или повеќе години во ист клуб, а неверојатно е дека ќе има некој што ќе успее да игра на неверојатно ниво една и пол деценија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести