Меси првпат сезонава даде гол на гости и постави светски рекорд (Видео)

Барселона без проблеми славеше на гостувањето кај Валјадолид со 3-0, а третиот гол за Каталонците го постигна Лионел Меси, кој сега има 644 погодоци во дресот на Барса и тоа е нов светски рекорд по број на голови на еден поединец за ист клуб.

Меси имаше и асистенција при првиот гол, кој го даде Ленгле. За Меси ова е прв гол на гостински терен сезонава, но вечно ќе го памети бидејќи го однесе на првото место на вечната листа на стрелци за еден клуб, надминувајќи ги оние 643 гола на Пеле за Сантос.

По мечот со Валјадолид, Меси нема да се врати со соиграчите во Барселона, туку на аеродромот во Валјадолид го чека приватен авион и доцна вечерва заминува за родната земја на краток одмор за Божиќ. На тренинг треба да се појави на 27 декември.

Ова е историскиот гол на Меси, кој беше постигнат по одлична асистенција на Педри:

https://twitter.com/i/status/1341510624262696965

- Оглас -

Најнови вести