Штом Украина победи на Евровизија, со право верува дека ќе се пласира и на СП во фудбал

Репрезентациите на Шкотска и Украина вечерва на „Хемпден парк“ во Глазгов ќе играат за место во финалето на баражот на Мундијалот во Катар. Победникот во финалето ќе треба на 5 јуни да игра на гости со Велс.

За Украинците во чија земја се води војна ова е многу важен настан, кој може малку да ги орасположи, како што се радуваа неодамна кога нивната песна победи на музичкиот Евросонг и им даде надеж за подобра иднина.

Шкотите 24 години не биле на СП и исто така имаат многу мотиви. Овие две селекции не играле една против друга 15 години.

Вака изгледаат најавените состави на двата тима:

Шкотска: Гордон, О’Донел, Мектоминеј, Купер, Тирни, Робертсон, Гилмор, Мекгрегор, Кристи, Мекгин, Адамс.

Украина: Бушчан, Караваев, Забарни, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Сидорчук, Зинченко, Шапаренко, Јармоленко, Јаремчук.

- Оглас -

Најнови вести