14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Штрковите ја надлетаа Јахорина, и сега го делат врвот во АБА 2 лигата

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога против босанскиот претставник Јахорина, и со 96-77 славеше во дуелот од АБА 2 лигата одигран во „Јане Сандански“.

Македонскиот првак имаше контрола врз резултатот во најголем дел од мечот, а ако во првото полувреме нападот беше тој што донесе предност, одбраната профункционира во вториот дел за трета победа во четири кола, па сега МЗТ е на делба на првото место со Широки и Хелиос.

Најрасположени поединци во победничкиот тим беа Американците Меккејден со 28 и Гил со 19 поени. Дамјан Стојановски уфрли 13 поени.

- Оглас -

Најнови вести