Кошаркарите на МЗТ Скопје го загубија можеби најважниот натпревар во АБА-лигашкото друштво. “Металците“ вечерва се убедливо поразени на гостувањето во Чачак, од домашниот Борац со 105-84. Ова за Борац е шестта победа, наспроти четирити на кои остана МЗТ. До крајот остануваат уште само четири првенствени кола, во кои МЗТ ќе има само теоретски шанси да стигне барем до баражот за опстанок.
Почетокот беше одличен за МЗТ Скопје. “Штрковите“ летаа високо само некаде до средината на првата четвртина кога одржуваа предност. Во продолжение, домашните кошаркари направија комплетен пресврт и до крајот на полувремето предноста на Борац само растеше. Првата четвртина домашните ја добија со 29-19, во втората беа уште поубедливи – 28-16.
Второто полувреме беше само рутина за екипата на Борац. Третата четвртина заврши нерешено, 30-30, додека последниот период МЗТ Скопје го доби со 19-18.
Мицовиќ беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје со 18 поени, додека Војдан Стојановски уфрли 13.