Јан-Ленард Штруф и Аслан Карацев се најпријатните изненадувања на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мадрид пласирајќи се во полуфиналето и со тоа направија подвиг каков што тенисот не видел во последните 19 години.
Штруф и Карацев до настап на Мастерсот во Мадрид дојдоа преку квалификациите и потоа успеаја да дојдат и меѓу четворицата најдобри.
За првпат по 19 години двајца квалификанти ќе играат во полуфинале на еден турнир од серијата Мастерс.
Последен пат кога квалификанти стигнале меѓу четворицата најдобри беше во 2004 година, а тоа беа Ришар Гаске и Кристоф Рохус.
Една година претходно, истиот подвиг го направија Радек Штепанек и Макс Мирни, кои преку квалификациите успеаја да дојдат до полуфинале на Мастерсот во Париз.