Штутгарт е феномен – Прими неверојатни 70 гола и продаде тројца дефанзивци за 62 милиони евра

Штутгарт имаше мизерна сезона, испадна од Бундеслигата, но и покрај слабата одбрана што ја имаше со 70 примени голови, успеа да продаде тројца од четворицата стандардни дефанзивци за вкупна сума од 62 милиони евра.

Бењамин Павард се пресели во Баерн за сума од 35 милиони евра и актуелниот светски првак со Франција ќе се обиде да го поправи впечатокот од лошата мината сезона во Штутгарт.

Озан Кабак беше на радарот на Милан, но Шалке 04 беше поконкретен и го купи Турчинот за 15 милиони евра, што ги уплати на сметката на Штутгарт, а и ПСВ Ајндховен си пазареше дефанзивец од Штутгарт и го купи Тимо Баумгартл за 12 милиони евра. Или како што излегува, Штугарт за секој примен гол во Бундеслигата си наплати речиси по еден милион евра со продажбата на дефанзивците.

- Оглас -

Најнови вести