Штутгарт го делат 90 минути од опстанок во Бундеслигата

Фудбалерите на Штутгарт славеа со 3:0 против Хамбургер во првиот бараж натпревар за опстанок во Бундеслигата.

Швабите кои сезоната ја завршија на 16-та позиција на табелата, за опстанок играат против третопласираниот во втората германска лига, Хамбургер, и во првиот меч пред своите гледачи остварија убедлив триумф од 3:0 кој драстично им ги зголемува шансите и следната сезона да играат во најсилната германска лига.

VfB Stuttgart [1]-0 Hamburger SV – Konstantinos Mavropanos 1’
by u/Akame_xo in soccer

Штутгарт поведе уште во првата минута со голот на Константинос Мавропанос, а на средина од првиот дел Гураси промаши пенал за удвојување на предноста.

Сепак, на стартот од вториот дел, Штутгарт со головите на Вагноман и Гураси во 51-та и 54-та минута, дојде до убедлив триумф.
Реваншот ќе се игра на 5-ти јуни во Гамбург.

- Оглас -

Најнови вести