Штутгарт и Хамбургер ја бркаат првата победа по рестартирањето на сезоната

Штутгарт – Хамбургер (фудбал, Германија 2, 20.30 часот)

Ова е дерби на германската Цвајта, станува збор за дуел помеѓу третиот и вториот на табелата, но и двата тима не блескаат по продолжувањето на сезоната. Лидерот Арминија на Хамбургер му бега седум бода, а на Штутгарт осум. Штутгарт во двете кола по паузата претрпе два порази, додека тимот од најголемото германско пристаниште играше нерешено. Победа за кој било од овие два тима ќе значи многу. На последните три нивни дуели во Штутгарт, двата тима даваа гол.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.05)

 

Архус – Рандерс (фудбал, Данска, 19.00 часот)

Данската Суперлига се реактивира по пауза од два и пол месеци, и тоа со пресметка на два тима кои загубија во претходното коло кое се одигра на почетокот на март. Според местото на табелата, Архус е голем фаворит и би требало да ги освои трите бода, но Рандерс има четири победи и едно реми на последните пет гостувања кај Архус. Архус дома пет години не славел против Рандерс и затоа треба претплазливост. Традицијата не најавува премногу голови.

Предлог тип: ГГ (1.96)

 

Усти над Лабем – Збројовка Брно (фудбал, Чешка 2, 16.00 часот)

Усти и Брно го затвораат 18-тото коло на Втората чешка национална лига. Брно е во серија од четири победи по ред и ако триумфира денеска, ќе се искачи на второто место на табелата. Во Чешка има публика на трибините, но бројот е лимитиран. На последните четири меѓусебни дуели паѓаа четири или повеќе голови, но не се знае сега каква им е формата бидејќи одамна немаат играно официјални мечеви.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

ХБ Торшавн – Викингур (фудбал, Фарски Острови, 18.00 часот)

Според резултатите во првите три кола, ова е дерби на лигата на Фарски Острови. Торшавн има три победи во три меча, а Викингур освои седум од можните девет бода. Тоа се и тимови со најмалку примени голови. Домашните се фаворити, а и традицијата е на нивна страна. Имаат четири победи по ред кога играле дома со Викингур и секогаш беше ГГ со 3+.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Скала Итротарфелаг – Аргир (фудбал, Фарски Острови, 20.00 часот)

Ова се двете најслаби екипи на Фарски Острови, барем според прикажаното во првите три кола. Скала прими вкупно 13 гола на трите меча, додека Аргир има еден бод, но уште нема постигнато гол, а прими осум. Традицијата вели дека кога играат овие два тима, секогаш е 0-2 гола и задолжително барем едниот тим не дава гол.

Предлог тип: 0-2 гола (2.45)

- Оглас -

Најнови вести