Штутгарт ја победи и Борусија и се израмни по бројот на бодови со Баерн! (Видео)

Колку само лоша сезона игра Баерн Минхен, говори и фактот дека не само што нема да ја одбраната титулата која ја освојуваа изминатите 11 сезони, туку сега може да се случи да не бидат ниту втори на табелата. Екипата на Штутгарт успеа да слави на гостувањето кај Борусија Дортмунд со минимални 0-1 и да се израмни со бројот на бодовите со „баварците“. Двете екипи сега имаат по 60 поени, а овој пораз лошо ќе се одрази и на амбициите на „милионерите“ следната сезона да играат во Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд после овој натпревар остана на 53 бода, колку што има и четвртопласираниот Лајпциг.

Единствениот гол на мечот во Дортмунд беше дело на одличниот гвинеец, Серху Гираси, во 64-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести